RedEco respekt za stritvju skrinsotot!
За танго требаат двајца, голфот возеше пребрзо и имаше неколку секунди да види дека имбецилот во Туарегот врти (без да гледа дали некој надоаѓа од соседната лента). Тие неколку секунди се и повеќе од доволно време за кочење, од некој што вози со пропишана брзина и пази на сообраќајот. Токму на тоа изгледа сметаат таквите како тој во Туарегот, кога прават такви ретардирани потези.
Ееее, ван, е
ова сега си го потрефил од а до ш, свака час ео рука!
Да се надоврзам: основен концепт во безбедноста на сообраќајот е
предвидливоста. Човек во сообраќајот вози и со голем и со мал мозок. А максимална предвидливост во сообраќајот се постигнува на само еден начин: со следење на правилата и строга, да не речам војничка дисциплиниа (нема ја вака мислам, ја онака сакам-неќам) ама многу блиску до тоа. Ако сите возат по знаци и прописи, сообраќајот ќе биде у просек најбрз, со најмалку сообраќајки, и најефтин како за општествтото, така и за поединците. Се друго е систем полош и понеоптимален од овој, само е прашање
колку полош.