Брат ми два пати има удрено во куче на автопат. И двата пати со прилагодена брзина кон условите на патот и не пречекорувајќи ја брзината, Вториот пат дури солидно поспоро од максималната дозволена брзина, затоа што требало да се престрои за излегување од автопат.
Првиот пат, колата беше прилично оштетена, кучето се спаси. Вториот пат подучен дека не се „одбегнува“ кучето, туку се удира во него - колата помина подобро од кучето.
Кутрото куче не смее да биде на автопат. Гинат луѓе од кутри кучиња.