Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3860158 пати)

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Пак сообраќајка денес на јужен булевар на пешачките кај зградата Монтенегро и Адриа лаб. Сино пунто со пукната шофершајбна, веројатно жртвата е пешак, точак или мотор. Возрасна жена беше на возачко седиште плачеше и збораше на телефон. Аман веќе.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Старец беше, го ставаа на носилка..

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Пак нешто се збрлавува сообраќајот, денес за тоа беше задолжен еден возач на Г6 по Партизанска кон центар кој возеше велеслалом, нагло кочеше, претекнуваше и од десно и од лево, сечеше пат кому иде, лепеше за браник и што уште не.
 Не разбирам што се случува, дали пар минути што ќе ги добиеш со идиотско возење, ќе ги изнервираш сите наоколу, ќе доведеш во опасност себеси и десетина други учесници, ќе ти го спасат денот?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Јас не разбирам зошто факинг не функционираат тие камери ... па автоматизам да стигаат.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Камерите се само за уметнички дојам.
Туку има уште еден феномен! До пред година дена го приметував на Стража, а последниве месеци се почесто и во Скопје, како вчера на пример. Се пуштаат четири жмигавци, као демек нешто хитно на некој му се брзало и се вози ван сите законски и незаконски прписи. На Стража се претицаа и по две, значи се вози у трета лента, посебно надоле кај каменоломите, а со оваа финта у Скопје се фаќа “црвен бран“ на сите семафори.
И пак ќе кажам, камерите се само за уметнички дојам, или некој ги намонтирал, си искеширал паричка и толку.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Зимај снајперот ..
Ќе го трефнеш со 100кмч!?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Да се усвои предлог секој предаден видео снимен доказ за прекршок да следува 10% награда за тој што го дава е тогаш ќе правиме муабет, мислам дека за 2 недели комплетно ќе се промени начинот на возење и драстично ќе се намалат прекршоците во сообраќајот во целата држава.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729
vcera besneese edno detule neiziveano so honda civik sk 8809  clen na honda klub macedonia i vlagase u makazi so brcalkata, za da zastane posle na semafor so bela bitpazar naocara i da gleda levo desno koj go gleda....

Отсутен tdejan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 141
Камерите се само за уметнички дојам.
Туку има уште еден феномен! До пред година дена го приметував на Стража, а последниве месеци се почесто и во Скопје, како вчера на пример. Се пуштаат четири жмигавци, као демек нешто хитно на некој му се брзало и се вози ван сите законски и незаконски прписи. На Стража се претицаа и по две, значи се вози у трета лента, посебно надоле кај каменоломите, а со оваа финта у Скопје се фаќа “црвен бран“ на сите семафори.
И пак ќе кажам, камерите се само за уметнички дојам, или некој ги намонтирал, си искеширал паричка и толку.

Камерите кои се монтирани не се сообраќајни камери со соодветен квалитет  (резолуција, осетливост итн.) Ако се сеќавате пред Х години на еден министер за здравство му текна да става камери по болниците. Арно ама го спопашкаја и го напраја бербат и истите тие камери да не пропаднат и да се покажи пред народ дека се работи, за шминка се ставија на сообраќајници. Ако се сеќавате на почеток се збораше дека камерите ќе се користат за казни и сл, дури мислам и софтвер се набави ама......
И сега последно е дека камерите се користат само како видео надзор (гужва, немири, контрола на сообраќај итн итн)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
^ кога треба да се заокружуват со црвено студенти што биле на протест...

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1308
Синоќа околу  2 по полноќ на семафорите кај стара рампа, џандарски Спарк стои на црвено, уклучува рптација, поминува, исклучува ротација. Класика!!!

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Околу сообраќајката кај зебра цитирам извор од Нова Македонија
- Според првичните сознанија добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека истиот бил под дејство на алкохол. Имено, во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Требало повеќе да се напафка, да го смири нагонот од алкохолот за брзо возење, па со 30 да му се чинело дека лета...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Камерите се само за уметнички дојам.
Туку има уште еден феномен! До пред година дена го приметував на Стража, а последниве месеци се почесто и во Скопје, како вчера на пример. Се пуштаат четири жмигавци, као демек нешто хитно на некој му се брзало и се вози ван сите законски и незаконски прписи. На Стража се претицаа и по две, значи се вози у трета лента, посебно надоле кај каменоломите, а со оваа финта у Скопје се фаќа “црвен бран“ на сите семафори.

Во такав ситуација сум бил само 3 пати.
Полиција треба да контролира таков случај, не ли се работи за живот / смрт, одземање на возачката 6 години и 7000 евра казна, плус одземање на колата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Добра графика има новава GTA.