Не ми е јасно зошто секогаш кога ќе се појави видео со пешак или не-дај-боже велосипедист - пола форум или наеднаш ги „заборава„ законите, или па интелегенцијата наеднаш се преполовува (како кога бик ќе здогледа нешто во црвена боја).
Единствено од Зеро и од Онак видов реална проценка што се деси во случкава.
Дечките со точаците возеа во правилна лента, како побогу да возат во најдесна летна - кога најдесната лента е излез??Камионџијата и повеќе од очигледено е дека се наоѓа најдесно во лентата за излез од автопатот. Во последен момент камионџијата се освестува дека не сака да излезе на тој излез и НА ПОЛНА ЛИНИЈА МЕНУВА ЛЕНТА - при што е директно и единствено одговорен за несреќата. На секунда пред да го удрат, првиот велосипедист дури и со рака дава знак дека преминува на помошниот простор до најдесната лента.
Не ми беше муабетот дали е забрането или не ..... Поентата ми беше дека лесно може некој да ги прегази итн...
Ова ти е истата филозофија на размислување како на бугарскиот сељак што со голфот буткаше мотоциклисти (една-две страни поназад). Демек ако си поголем, нормално е да можеш да ги газиш помалите (и што бараат на патот воопшто).
Еве пример за двојни аршини и како иде размислувањето, само во едниот случај жртва е мотоциклист а во другиов случај жртвата е велосипедист.
Жртвата е мотоциклист:
Обид за убиство.
Ќе го зема тој во свои раце законот. Се надевам дека и моторџиите го земале во свои раце законот и му искршиле барем предна и задна шофершајбна.
Жртвата е велосипедист:
Мене малце и овие со точациве не ми се јасни што бараат на аутопат.
На видеото е прикажано она кое го бараат.