Имавме слична ситуација пред 15тина па може и повеќе години одејќи накај село во викендица. Ја седев напред, пријателот на татко ми вози( Лада), позади седат мајка и дете, соседи од селото. И овој како што вози на кривини едно 50 возеше детево позади чепкало нешто и само гледам на ретровизор вратава се отвара и детево излетува како партал од колата и се превртува по асфалт, му викам абе испадна детево само што му реков кочење чоекот у место трчаме, детево вриска пишти цело крв по лице
Го смиривме се го измивме и се вративме назад во болница во градот. Го преврзаа го средија и продуживме. Среќа во несреќа е што падна на асфалтот само, бидејќи натаму патот е тесен, планински со долови, недај боже да излеташе баш на остра кривина и да паднеше надоле во некој дол. Трагедија голема ќе беше.
Знаете што беше лошо и глупо? Што женава сакаше да го тужи чоеков... Проста работа. До него седеше, не си внимава на детето па уште ќе го тужела, ни крив ни дужен. А чоеков од истово село ги носи за нивни потреби, им прави услуга без пари.