Сега ќе ви раскажам еден случај од мојата фамилија баш за таков како овој со кајенот.
Брат на мојот дедо живееше во Белград. Со само едно дете кое патем било единствено во целата фамилија таму (зборам од страна на мајката нејзината сестра немала деца па ова го рачунала нормално како најблиска рода и наследник). На 16 години го прегазил некој локален фраер, син на некој министер. Го згазил со ни помалку ни повеке 160 километри на час во населено место. И никому ништо од судски аспект. Истиот фраер претходно имал усмртено и мајка на 2 малолетни деца исто ја прегазил. Значи опасен фраер бил. Откако ги исцрпеле сите правни постапки без казна фраерот си добил куршум во чело излегувајќи од лифт и си заминал на другиот свет и тој. Баш како на филмовите. Го застрелал тетинот на детето, маж на сестрата. А човекот имаше 2 факултета од кои едниот правен и еден од најинтелигентните луѓе што ги знам. Раскажувам во минато дека се ова се случувало 90 та година јас уште не сум бил ни роден. Единствена замерка што јас ја наоѓам е зошто не нашле некој човек за да го убие бидејќи и дедото не беше за жалење. 2 куќи во Београд, вила на море, 2 други вили во две села во србија, земја околу 350 хектари. Вака тетинот одлежа 13 години затвор за убиство со умисла. Но веројатно сакал сам да се одмазди.