Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3859983 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Многу јасно дека може да нема везе со плинот. На видеото јасно се гледа дека по неколку минути силно горење на целото возило кога веќе сите патници би биле изгорени до смрт може да се случи експлозија само кај лошо поставениот плински уред.

Еве уште неколку клипови за нивото на безбедност на плинот. Првиот е дури од пред 30 години:


Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Незнам дали оваа видео е за убедување на луѓето да стават плин или реален тест?
Во реалноста нема да се запали кола која има само плинска боца, туку кола која има резервоар за бензин плус плинска боца.
А резервоарот за бензин на никоја кола која вози на плин не е празен.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Плин ? No thanks  ::) Изгоре пред мои очи...



Таму е уште пикапот ? И дали продава делови од него ?
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15308
А да ти покажев што ќе му се случеше на 128-ката од бензиската пумпа шо протече бензин на анласерот...и тоа сега пред некој месец. Чиста среќа најдоа буренца со вода да ја потурат...

Се работи за неисправност а не дека системот не чини.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Таму е уште пикапот ? И дали продава делови од него ?

Таму треба да е уште, ќе се фрла во отпад. Побарај ме ако слегваш ќе зборниме со газдата.


Инаку пикапот го палевме на туркање и беше на плин наместен, застанавме 1 мин да одмориме и само на едно вртење на клуч за да запали се запали цел мотор. Се запали онака силно со само едно фуууууппп од звук и излезе пламен од секоја дупка кај хаубата... и после и да погинеш колку можеш ќе се спасиш се молевме само да не пукни да не оштети нешто наоколу, дури не дојде пожарна да го изгасни.

А плинот е носен редовно на контрола и сервис исто како и цела кола. Значи сакав да кажам дека со плин можи да дојди до вакво нешто 5 пати полесно одколку со бензин, една мала искра ќе ти еби матер.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
А бензин имал ли пикапов ? На бензин не палел, па на плин сте пробувале да го палите ?
Прво плинот мириса ако почне да тече. Второ плинот од расплињачата не излегува во течна, туку во прашковидна форма.
Мене повеке веројатно ми е дека од казанчето од карбураторот почнало да му прелева бензин, пошто викаш дека сте го туркале за да запали, најверојатно на бензин не ви палел така ?
Ова ти го зборам пошто и јас со болидот имавме таков проблем, пошто и мојот болид има ист карбуратор како овие заставини мотори што користат.
Проблемот е во тоа што кога возилото се вози на плин, казанчето е празно и удира во дното од казанчето, а таму има дизна која успева да го дупне пловакот. Да, да го дупне, кај нас тоа се случуваше, ке се наполнеше пловакот и тој ке пропаднеше и колата пресисуваше и од карбураторот течеше бензин. Ние тоа го решивме со тоа што долниот дел од пловакот што маваше во дизната го подвиткавме, убаво со калај го запечативме пловакот и сега за сега од тогаш нема гајле.

Затоа мене повеке ме влече дека му протекло бензин од кај карбураторот, кој се сливал надоле кон свекиците и така се запалил, а не плинот, затоа што кога колата не работи, плин има само до расплињачата, а не до моторот, кога ке дадеш контакт, доага струја до расплињачата за да може да пушта плин, односно моторот вакуумски да го влече плинот од расплињачата.

И уште нешто, ако тврдиш дека од плинот избил толкав голем пламен, ондак сумлива ми е работата како не ви мирисало на плин ? ;)
Значи според мене ми делува дека е од бензин, протечено од кај карбураторот или некое скапано црево што донесува бензин до карбураторот, ама како сакаш ти така мисли си во врска со плинот.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18028
Второ плинот од расплињачата не излегува во течна, туку во прашковидна форма.

Сериозно ова?

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Смрзнува се' околу и затоа делува како бела прашкаста форма.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Зависи колку е влажен воздухот. Ако е голема влажноста на воздухот може и на брашно да заличи

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18028
Не сум знаел, мислев стига од резервоар во течна и онака од атмосферска температура си испарува додека стигне во дизна.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Сериозно ова?

Јас колку што знам така е, до расплињачата е во течна состојба. Нека кажат и подобро упатените во ова, можеби и грешам, но мислам дека е така како што кажувам.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Расплињачата има за задача да овозможи испарување од течна во гасовита состојба.
Ако поголема колиочина на плин од течна состојба наеднаш премине во гасовита се ќе замрзне окулу
Затоа расплињачата се поврзува со цревата со топла разладна течност за да не замрзне расплињачата и затоа прво возилото пали на бензин додоека не загрее за да стане расплињачата ефективна.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
Фактички и ја малку грешно се изразив, требаше гасовита состојба да кажам. Јбг, хемија од основно немам учено. :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Не гасовита состојба. Ти убаво си се изрази. Ако беше во гасовита состојба тогаш немаше да биде видлив гасот. А во овој случај гасот ја замрзнува влагата во воздухот и ја претвора во слана, која наликува на прашак и е видлива. Така да фино си кажа ти.

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Влагата од воздухот ја кондензира и смрзнува (па таа се таложи на изладените површини - изладени заради фазниот премин од течно под притисок во гас под нормален атмосферски), плин да смрзне, леба ми, ќе треба малку пониска температура (или понаков сооднос температура - притисок - волумен).