Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3860156 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
сеа од полиција го тромозат ....

Зошто полиција?

Уствари претпоставувам дека е возач почетник?

Добро е што сте живи и здрави, само никој не спомна за тој мајмун што свесно продал кола која што е со дефект, имаат ли луѓево совест бе, млади деца сте можеле да загинете, сега треба другарот хеблата у рака и до смрт да го претепа тоа ѓубре од човек, а вие да му помогнете....

Треба да биде пријавен продавачот во полиција. Мора да има некаков закон против вакви работи. Томе, Банзаи?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
сеа од полиција го тромозат ....

Зошто полиција?

Уствари претпоставувам дека е возач почетник?

Добро е што сте живи и здрави, само никој не спомна за тој мајмун што свесно продал кола која што е со дефект, имаат ли луѓево совест бе, млади деца сте можеле да загинете, сега треба другарот хеблата у рака и до смрт да го претепа тоа ѓубре од човек, а вие да му помогнете....

Треба да биде пријавен продавачот во полиција. Мора да има некаков закон против вакви работи. Томе, Банзаи?
Зошто полиција...па заради тоа што си имало некоја си процедура веднаш дојдоа правеа записник 1000 глупости ...Имам еден другар се удри во семарофите со 140 се беше растурил на радиус од 10 метра околу него...и семафори и тротоар огради,.....плати казна од 3000 евра само на полицијата + после што беше гонет по судови и други заебанции

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Добро е што сте живи и здрави, само никој не спомна за тој мајмун што свесно продал кола која што е со дефект, имаат ли луѓево совест бе, млади деца сте можеле да загинете, сега треба другарот хеблата у рака и до смрт да го претепа тоа ѓубре од човек, а вие да му помогнете....
на запад вака, има да го скине продавачот.. ама кај нас не.. во законот има таму еден пасус, кој во превод на македонски јазик (од правничи) звучи одприлика вака:

купуваш што гледаш, и сам се информираш за нивото на исправноста.

тоа значи продавачот нема никаква одговорност...  иако, јас сепак би го изреметил од ќотек ако знаел дека има проблем... но можно е и да не знаел.. можно е другарот 2 саати претходно да ја актосал во некој извичњак или поголема дупка, а тоа “заборавил“ да го спомне...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7112
А можно и споната или што и да се скинало да било релативно ново, ама од некој понепознат производител.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Продавачот нема никакви обврски и одговорности околу исправноста на возилото после потпишувањето на договорот. Годов да не си грешка нешто, 270ка мерцедес се вадеше до 2005 после тоа наследник му е 280цди.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7123
  • Бенве сие бенве
Ахтунг и ти си продавач како што може да видам ама ајде да сме реални. Во договорот стои купопродажбата е по принципот видено купено и купувачот нема замерки за техничката исправност а продавачот не одговара, така нешто беше, само друг е моабетот, треба ли да си човек да посочиш на такво нешто кое што може да биде фатално не само по возачот туку и по останатата околина? што ако наместо бандера биле група деца што си идат од училиште, мајка со дете во количка, група луѓе на тротоар, што ако споната издржела уште километар два и дошле до автопат? Ако некој решил да ја купи ќе ја купи, спона е максимум 50еур и сигурно немало да го одврати од купување затоа што е потрошен материјал. Да сокриеш дефект во мотор мењач диференцијал компјутер ок, ама ова може да биде фатално, ѓубре!

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Me сфати погрешно Марјан, спона и да тропа не се продава колата со расипана спона бидејки: спона кошта 20 евра до максимум 50 евра и верувај никој нема да ти ја купи колата со растурена спона или ке ти ја спушти цената за минимум 200-300 евра заради таа спона. Сепак колку и да сакаш да скриеш некои работи едноставно нема шанси да скриеш пролупана предница пошто секој што ке седне позади волан одма ке примети. Ако не ја правиш предницата а купувачот НОРМАЛНО го види тоа и се согласи СВЕСНО на одредена сума да ја купи колата каква што е во моментот тогаш кој е крив? Продавачот или купувачот што знаејки и прифакајки го ризикот ја земал колата?
едит: на стилото што се продава пред некој ден се смени 2 стабилизатора и спона (40еур) баш ради сите овие муабети вклучувајки ја и сигурноста.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7123
  • Бенве сие бенве
Треба учеснициве да потврдат како било, знаел ли шоферот или не, се осеќало при вожња или не па потоа да судиме кој е крив, во секој случај, ако продавачот свесно сокрил тогаш тој е се, а најмалку човек.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Точно, но тука лежи и друг зајак. Што ако не се криви ни двајцата туку мајсторот што тазе ја менувал споната пред некој ден. Да не го заборавиме и тој детаљ.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Е класа 2007 ма да се деформира толку, просто невероватно, калемка ??

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
vnimatelno na site patni pravci ima odroni , posebno na klisurite...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1572

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Bitno zivi i zdravi ste jebes drugo .....
E sea ima li nekoja sansa vie ( drugarite na soferov) da zemete osteta od osiguranjeto na kolata
za povredi  bla bla ... i barem malku so tie pari da mu pomognete na drugarot tvoj.
Se e ova ptetpostavka dali moze i mn bitno ako moze, osiguritelnata kompanija da ne gi refundira parite
od soferot

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Бидејки нема трето лице компанијата ке бара регрес од самиот шофер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Е класа 2007 ма да се деформира толку, просто невероватно, калемка ??
Со сите живи и здрави и со една гребаница?

Може и да не е калемка.