Не е толку голема вината кај камионите колку што возачите на автомобили го потценуваат камионот на патот, бидејќи сум бил скоро секаде во европа и сум поминал доста километри со камион имам видено многу лоши моменти од овој тип.
Пример што кај нас го има често дури и кога се работи за кола - кола ситуација, јас возам 100 ме престигнува некој со 105 и се пика веднаш пред мене без да размисли дека ќе ме закачи со задниот дел или дека можеби нешто ќе го изненади или можеби колата ќе му сецне или некое друго сценарио а има лента да ми направи предност од 50м пред да влезе пред мене. Во моменти на гужва на патот, сите влегуваат од десно и се спровираат на милиметри, е сега ако малку го закачиш веднаш се извртува и почнуваш да го буткаш, не е опасно по него освен што ќе се исплашат малку, има случаи кога можеш и да тргнеш а да не видиш дека се пикнал пред тебе, во тој случај нема ни да сетиш дека буткаш кола од 1500кг со чудовиште кое што нема мака од 40тона.
Пораката од мене е респект на патот, и отварање очи, најчесто од такви луди глави страда некој што си излегол ни крив ни должен да си ја прошета фамилијата на одмор или викенд...
п.с. Тоа што левата нога е крената горе не е никаков проблем затоа што 99% камионите се аутоматик па се работи само со десна нога, друго е што максималната брзина е 90км/ч и камионите покрај кочницата се опремени со ретардер моторна кочница сензори за далечина и др.