Поентата е дека шоферот немаше никако да има потреба да реагира, ако си возеше под пропишаните 20км/ч. Ако се погледа повнимателно, камионот не почнува да кочи се додека не го удри велосипедот. Ниту не свирна барем, за да се најави дека заобиколува. Не го третираше велосипедот како рамноправен учесник во сообраќајот.
Велосипедот веќе пар секунди претходно почна да врти лево, што е негово право да направи (а заради аголот не гледаме дали со раката даде знак за вртење). Или никој не смее да заврти лево се додека камионот не помине право?
Колку и да велосипедистката постапи без обзири кон сопствената безбедност (пошто кај има сила нема правдина), не гледам прекршок од нејзина страна. Од друга страна камионот возеше над лимитот за брзина, пресече полна линија, и што е најважно прегази велосипедист учесник што е полноправен учесник во сообраќајот.
Врти сучи, како и да земеш често велосипедите (и скутери/мотори) не се рачунаат за полноправни учесници во сообраќајот. Баш заради тоа не возам велосипед по улици, и не купувам мотор иако одамна сакам. Во државава немаме култура на возење (тука сме многу слични со Русите). Ваљда пошто законите за сообраќај не се спроведуваат и луѓето премногу често неказнето проаѓаат за прекршоците. Што ги мотивира постојано да ги повторуваат истите прекршоци.