За мене двете работи не се исклучуваат меѓусебно. Потребни се и внимателност и видливост кон сите страни. Пазење треба и мора и од возачите и од пешаците, иако реалноста е дека и од двете страни има такви кои не само што не пазат, туку и предизвикуваат несреќи.
Но визуелната бариера меѓу двата правци на Партизанска не помага во ништо од сообраќаен аспект. Сегашното решение само оневозможува добра видливост додека во исто време овозможува солидна камуфлажа за некој(а) идиот(ка) совршено ретардирано, иако можеби ненамерно, да се обиде да се самоубие под нечие возило.
Дури од практичен аспект претходната метална ограда беше подобра. Прво релативно провидна беше, а второ таа едноставна бела ограда не можеше баш секој да ја прерипува. Сега гледам цели групи, старо и младо, од копиљаци до дедовци со бастун, од баби до шмизли на штикли: како ги преминуваат средишните жардиниери кај им се ќефне. Често чопоративно се дешава тоа, и најчесто на местата на автобуските станици, како што се симињаат така почињаат да го преминуваат булеварот каде ќе посакаат.
А џандарите баш совесно си ја работат работата, ако казни за jaywalking имаат поделено во троцифрена бројка, навистина ќе се изненадам. Пошта ако грешам, како тоа секаде и секогаш има толку многу пешаци што така ја преминуваат Партизанска. Не ваљда дека казните се во висина од десетина денари...
Што се мене тиче, можеа за истиите (или помали) пари и велосипедска патека да направат таму на средината.