Значи трепкачко светло е доколку си далеку да бидеш спремен да кочиш (да речеме 50-100 метра).
Во НИТУ една земја во светот зеленото трепкачко светло не значи дека ако си на 15 метра од семафор дека треба да успориш.
Пример во Австралија важеше истиот закон дури и за жолто светло. Ако светнува ЖОЛТО светло, а ти не си во состојба да го запреш возилото (а се движиш со 50 односно 60км/ч) на безбеден начин имаш право да поминиш.
Убаво кажа Симо, ниту кај најсовесниот возач, зеленото трепкачко светло нема да го натера да ја намали брзината.
Во целата сообраќајка има 3 елементи.
1) Поминување на црвено светло
2) Неприлагодена брзина
3) Според она што прочитав двата возачи биле во алкохолизирана состојба.
Знаете што најмногу ме зачудува...возачот на Аудито.
Можете да забележите дека комотно можеше да ја избегни сообраќајката. Во овој случај можеше да се префрли и во другата лента на раскрсницата само да избегни удар. Некои ова го анализираа као премногу бил пијан да го направи тоа.
НО, после ударот гледајте како го исконтролира Аудито после таков страотен удар.
0:39-40 веќе почнал да кочи ако ја успорите снимката 0.25 брина се гледа дека далеку пред семафорот кочел...
0:42-46 од таков страотен удар и таква тешка кола со уништена предница успева да ја стабилизира