Автомобилот требаше да се престрои во левата лента, но и камионот имаше полна прегледност а не видов дека нешто посебно се обиде да закочи пред сударот.
Како и да е, ова е убав пример зошто кога се чека за вртење, треба тркалата да бидат насочени право. Воланот се врти непосредно пред да се почне движењето/вртењето. Овака што се случи: тркалата му беа спремни за вртење на лево и кога го удри камионот одпозади, го одбутна лево директно во сообраќајот на спротивната насока... и се случи што се случи.