СВР-Битола го утврди идентитетот на лицата кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во непосредна близина на пелагониското село Лознани кое се наоѓа на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.
Во сообраќајната несреќа учествуваа патничко моторно возило марка „Фиат-тофас“ со скопски регистерски таблици и патничко моторно возило „Фолксваген-Голф“ со битолски регистерски таблици, јави МИА.
Во тешката сообраќајна несреќа на лице место загинаа Д.И. (38) и Б.Р. (24) двајцата од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп кои патувале со возилото „Фиат-тофас“. На местото на несреќата загинаа и лицата З.А. (17), А.Н. (19), а тешко повредени се А.Х. (21) и М.Ј. (18) сите жители на крушевското село Алданци.
СВР-Битола водат истрага за утврдување на причините за тешката сообраќајна несреќа.