Наполно се согласувам. Дарвиновиот момент кој го посочи Симо е многу повлијателен во случајов.
И тоа не е баш за осуда.. Воглавно треба рационално и разумно да се делува, и претежно сум и јас прилично рационален и сталожен.
Ама има моменти кога влагаме у афект и не можеме ни тоа да го контролираме..
Пред неколку години кога ми јавија на моб дека ми гори зградата исто возев ептен брзо со 4 жмигавци со тоа што и свирев континуирано и воглавно ми правеа место.
Пазев на раскрсници да не одам на слепо, ама јас сепак не бев во афект и можев рационално да размислувам.
Веројатно има моменти кај што тој раицонален момент може сите да го изгубиме.. Некој со повисок праг ,некој со понизок праг на толеранција.
Јас би рекол дека е ептен несреќен случај и голема трагедија.
Мене лично целата прикаска баш ме потресе.