Ако назад ти се добри гумите,а напред никакви ке ти избега предниот дел,исти к***ц различно паковање.
Не, никако не е исто. Ајде да повториме уште еднаш:
1. Преку воланот, папучата за гас и кочницата, токму предните тркала се оние кои кај тебе ја градат потсвесната „слика“ за тоа колку грип имаш. Но, од задните тркала не добиваш речиси
никаков фидбек се до моментот кога одеднаш и целосно ненадејно оп оп оп ќе изгубат тракција.
Со други зборови, кога гумите кои држат повеќе се напред имаш неточна претстава за вкупното количество „грип“, ама неточна во лоша, злокобна смисла: мислиш дека имаш повеќе отколку што навистина имаш и е многу
лесно да се испозаебеш. Доколку гумите кои повеќе фаќаат се позади, повторно имаш лажна слика, но во овој случај лагата е бенигна: мислиш дека имаш помалку грип отколку што навистина имаш и е многу
тешко да се испозаебеш. Просто ќе возиш пополека и сите среќни.
2. Ако помалку држат предните, ќе се зголеми склоноста кон understeer. Ако помалку држат задните, ќе се зголеми склоноста кон oversteer. А секој возач, особено непрофесионалец, многу подобро се снаоќа во ненадеен understeer отколку во ненадеен oversteer.
Во секој случај најдобро и единстевно упатно е на сите 4 тркала да има гуми кои што држат исто! Но, ако веќе клетата судбина неќела на сите 4 тркала да има исти гуми, тогаш тие што држат подобро
секогаш треба да бидат позади и тоа само и само заради безбедносни причини. Заради ништо друго. Не заради перформанси. Перформансите ќе бидат полоши, но безбедноста поголема.