што значи тоа буфна?
...и тоа ВО сити мол?
златен јазик имаме, речит, полн со описни зборови, нешто што ниеден сосед наш го нема а и не само сосед туку повекето земји немаат толку описни зборови а ние дискутираме со заменски зборови познати само за нас, притоа кратејки максимум од реченицата, за на крај да излезе нешто тотално бесмислено како ова:
БУФНА ВО СИТИ МОЛ....
жити се, едно WTF?? е баш на место. дај преведи го тоа буфнување ВО сити мол што ти значеше...
Е што е проблемов со ВО не сватив?Удри во сити мол, во бандера, во зид
ако напишеше удри, тогаш е ептен јасно што значи ВО... ама буфна може да биде сешто, мешу другото и експлозија, горење што од друга страна искомбинирано со зборот ВО, значи ВНАТРЕ, а со самото тоа драматичноста е многу поголема со оглед на тоа дека внатре е многу густо со други коли...
од трета страна пак, се прашувам, ако удрил ВО сити мол... со југо.... би требало да вози југото барем 120 (бидејки е лесно возило) како би успеало да ги пројде сите пречки (столбчиња, скалила, бетонски жардињери) за да може да стигне да се удри ВО сити мол и сето тоа под услов да не пипнал кочница бидејки сити мол е добро оддалечен од булеварот...