мене денес на автопат на влез во скопје, кај што се дели дали да влезеш од кај сарај или да си продолжиш по заобиколницата... возејки 110-120 некаде (дозволено е 100), еден генијалец зеде да претрчува преку автопатот... кога сум легнал на свирка и кочница во исто време, едвај закочив... уште мајмунов се врти накај мене и ми крева тупаница и демек што свириш... абе ми дојде да застанам и да го прекршам од ќотек, глупак невиден, што ке погине нека погине, глупак е, ама што ке затвори некое туѓо семејство со неговата глупост, не размислува... ама избројав до 10 и си продолжив... со стока неразбрана неможеш да се објасниш...
тука на тоа исто место пред пола година издигнаа еден пешак... како го лупнале, го префрлил во спротивен правец и мислам дека дали 5 дали 6 коли го испрегазија... флека на асвалтот останало од него... и не им иде памет и понатака.. ги мрзи да пуштат чекор 200-300 метри понатака има пролаз под автопатот...