И ако премине улица ( не на пешачки ) и го удриш..пак да не ќе го јадеш? :S
Да, ако при тоа си правел некој прекршок кој ти ја намалил моќта на реагирање на тотално непредвидени ситуации, на пример си возел брзо или си бил пијан. Непредвидените ситуации се составен дел од возење на јавни патишта и секој учесник во сообраќајот мора да биде свесен за тоа.
Ако си возел пополека - може ќе си имал време да изреагираш на ненадејниот морон на патот и нема да си го удрел или ќе си го удрел со помала брзина и последици.
Ако си возел трезен - рефлексно ќе си изреагирал за пократко време на ненадејниот морон на патот и нема да си го удрел или ќе си го удрел со помала брзина и последици.
Е сеа, ако возиш во лимитите и трезен, а некој самоубица од заседа ти рипне под тркала....
Се сеќавам, кога бев дете, кај почетна двојка во автокоманда, еден пијаница мортус пијан буквално се истетерави од тротоар точно пред стоЌецот на татко ми и татко ми го качи на хауба, за среќа без последици опасни по живот (мислам дека помина со скршена нога или така нешто, а стокецот со пукната шофершајбна). Татко ми пројде со ништо, т.е. судијата оценил дека он не е ништо крив.
Поентата е возете во ограничувањата и трезни, пошто иначе може да го јадете заради некој рандом идиот на кој ќе налетате.