Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3424203 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Што тогаш светскиве брендови прават коли што идат 250 од шала, и толку многу работат на нивната безбедност, научници прават невероватни зафати во последниве 10 години.
Тоа е чисто од маркетинг аспект. Нема никакви практични примени освен на германските автопати.... на сопствен ризик.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Што тогаш светскиве брендови прават коли што идат 250 од шала, и толку многу работат на нивната безбедност, научници прават невероватни зафати во последниве 10 години.
Тоа е чисто од маркетинг аспект. Нема никакви практични примени освен на германските автопати.... на сопствен ризик.
А инаку не е на споствен ризик 120? Или 60 во уличе? Па на Никола Тесла и Орце Николов раскрсницата загинаа ДВАЈЦА родители одеднаш во спарк лани (можеби преклани). Од тогаш има семафори ставено. Над 60 не возеле ни едниот ни другиот. Крв се миеше недела дена...

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
togas mislam Captiva go udri sparkot...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Тоа е удар со 120 ако бил директен. Тогаш спас ти нема :(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
togas mislam Captiva go udri sparkot...
Тоа е удар со 120 ако бил директен. Тогаш спас ти нема :(
Од страна колку што памтам, на ќоше го имаше мавнато. Со не повеќе од 60. Дал господ Ни каптива ни Спарк не може да убрза над 60 во тие улици, на тоа место.
« Последно менување: 12 Јули 2011, 12:47:01 pm Deni »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7565
имаш некаква шанса само ако возиш поголема кола, џип пред се ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
имаш некаква шанса само ако возиш поголема кола, џип пред се ...
Џип нема врска. Поголема кола има многу врска.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7565
Добро Дени, џип по дефиниција е големо возило, ако ги исклучиме кросоверите ..

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Фаланга друже...џабе се расправаш, овој пат мислам дека не си баш сосем во право.
Треба да се пази нормално ама неубавите работи се случуваат неочекувано и наеднаш.
Не можеш да речам јас возам прописно и затоа ќе си возам безбедно цел живот а тие шо летаат ќе гинат.
Не си сам во сообраќајот нели има и други учесници, нив не можеш да ги контролираш, можеш само да ги посматраш и ако си присебен и со прилагодена брзина, можеби, значи можеби ќе успееш да ги избегнеш во случај да доаѓаат на кај тебе.
Еве ти го примерот...!

Другар мој од детство кога почнав да работам таму каде што сум сега и почнав да одам за АФГ...ми рече во една прилика :
Абе шо си играш бајрам со паметот, таму нели е опасно, ќе загинеш будало една за пусти пари?

Сегде е опасно му реков јас, и на улица цреп може да ти падне од тераса и да загинеш ко последна будала.

Беше најпримерниот возач што некогаш го познавам и возеше солидна кола (Вектра од 2000 година) па наредната година од кога го правевме муабетот, загина во сообраќајка кога морал да излезе од патот поради тоа што возач на камион кој заспал се упатил на кај него. Брзината му била прилагодена, според извештаите не возел повеќе од 70 км на час (80 е дозволено таму) но од страна кога ќе излезеш на банкина е удолница и има канал, па паднал од патот право во каналот и загина.
Така да нема правило, да не чува господ викаат старите а и ние да си се чуваме. Тоа е!
« Последно менување: 12 Јули 2011, 12:53:39 pm Sportex »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7565

Не си сам во сообраќајот нели има и други учесници, нив не можеш да ги контролираш, можеш само да ги посматраш и ако си присебен и со прилагодена брзина, можеби, значи можеби ќе успееш да ги избегнеш во случај да доажаат на кај тебе.


Татко ми вика вози за себи а и за будалата што доаѓа од спротивната страна ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Добро Дени, џип по дефиниција е големо возило, ако ги исклучиме кросоверите ..
A мислиш на Патрол, Амарок, Дискавери, Г класа... Озбилни џипови? Тогаш да, ама тачно што викаш тие спаѓаат во поголеми коли. Како и да е немора многу големи коли, ама средните веќе нудат голема заштита. Не зборувам за ѕвездички - туку за заштита.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Спортекс батка, не се расправам. Не сакам да наметнам мое мислење. Само муабет правиме и пишуваме што мислиме.
Јас само мислам дека сум во право кога велам ограничувањата на брзините треба да се почитуваат и со тоа ги намалуваме ризиците од наша страна и ништо повеќе. Може друг да не ги почитува па да загинеш ни крив ни должен ама тоа е тоа. Може и метеор да не удри па да ја стерилизира планетава. Тоа е тоа...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Што тогаш светскиве брендови прават коли што идат 250 од шала, и толку многу работат на нивната безбедност, научници прават невероватни зафати во последниве 10 години.
Тоа е чисто од маркетинг аспект. Нема никакви практични примени освен на германските автопати.... на сопствен ризик.
А инаку не е на споствен ризик 120? Или 60 во уличе? Па на Никола Тесла и Орце Николов раскрсницата загинаа ДВАЈЦА родители одеднаш во спарк лани (можеби преклани). Од тогаш има семафори ставено. Над 60 не возеле ни едниот ни другиот. Крв се миеше недела дена...

Пројдов покрај таа сообраќајка 2 минути откако се случи. Беа баба и дедо, и внуче, во Спаркче, а Каптивата беше збрцана директно во возачката страна. Дедото погина на лице место, бабата беше у многу тешка состојба, а детето једва преживеа. Крв имаше мнооооогу.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Ги прочитав сите 4 страници и јас да се умешам малце во муабетов...

Зеро напомена, дека колите пред 30 години имале послаби кочници, и као сеа со модернава технолигија све се прави за да се бидат по сигурни патниците....
Да така е, не викам не... но пред 30 години... колите имале максимални брзини по 130-140-150кмч и затоа... и затоа и имале такви кочници, а денес... коливе скоро сите имаат максимални брзини од 200-220  па и 250кмч

За случката со Спаркот и Каптивата ... не знам, што не ви е јасно...

Прво спаркот е мала и нежна кола, и не знам што очекувавте... на лугето во Каптивата да се повредат а на лугето во Спаркот, ништо да не им е ???

Се знае... тоа... ко бел ден е јасно... Во секој случај, џипот има предност... со било која кола, но нема предност... со голем камион...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Имаше еден убав тест на Топ Гиар за тоа дека нема врска големината на колата, туку конструкцијата. Баш разликата беше помеѓу Ланд ровер дискавер и некој рено мал, ренотот имаше видно позачувана каросерија.

А за Фаланга, еве ти едно видео кое ти објаснува дека ако две коли се мавнат директно со 60км/ч не е исто како едната да мавнла со 120 во ѕид......


Го имаш и вториот дел.