денес пред кола еден чикица со веспа се испружи и тоа многу убаво се испружи... а со оглед на тоа дека имам онборд камера во возилото.. ке го закачам видеото приквечер.
еве го моментот опишан од погоре... да возев побрзо ке го размачкав на асвалт... абе и јас возам и мотори и моторчиња, ама сеуште тврдам дека овој тип на превоз не е за во скопје... не е за оволку многу динамичен град. скопје е нај динамичниот и нај брзиот град од цела македонија... инормално е да е таков. поради тоа не сме ние за ваков превоз...
да не тупам, човеков беше изодран целиот по нозе по раце и рамото... не носеше кацига ама среќа не тресна со глава... малку шокиран, малку исплашен зема и си го оттурка моторчето на некаде.. не ми дозволи да му помогнам да го однесам до дома... нема везе...
а само 1 саат претходно идејки накај карпош еден морон ова ми го направи:
и уште залепен на стакло нешто се дере, мафта... порано ке му закочев и ке му излезев од кола на објаснување па ако затреба и на тепање... сега сум искулиран максимално и не се расправам со вакви дебили... само стисни на гас и проджу накај што си тргнал... убаво се слуша и на клипот дека ни А не му реков, не го ни опцув.. тешко некако у задње време да ме испровоцира некој вака... а тоа е резултат на она што стално се заложувам дека треба да има поголема толеранција во сообраќајот од страна на возачите.
фала многу пријатно.