Зошто таа кривина ја имам поминато до сега 1000000 пати(предпоставувам дека е од Велес за Скопје исклучокот) можам да кажам кажам дека 150-160 е некоја горна граница за фаќање на таа кривина со таква кола, но никако не е ОК брзина па каква сака кола нека е. Исто така ова зборувам кога е добро времето, и денски пред се. Кога има дожд, слана, лигаво време таа кривина е доста опасна и доста лизгава. Неколку пати сум видел на истата кривина помали незгоди кога времето е лизгаво и клизаво(рано утро, вечер). Инаку таа кривина ја поминав истиот ден некаде кај 10 и 30 ч. и ништо не забележав(банкина, остатоци) што би укажувало на незгода, а според информациите кај 23:30 предходната вечер била незгодата