Ниедна безбедносна технологија нема да ве спаси (среќа не е безбедносна технологија) при хаваричен судар на брзини над 100км/ч. Ние можеме да си уживаме во нашите одлични технологии со вертување за некакви * но тие се тука за да не изгинеме како пилиња на судари со умерени брзини.
Во мерцедесот имав одличен систем за алармирање ако некој пред тебе закочи а ти не приметиш, неколку пати ми помогнало кога погледот ми бил во телефон. Но наравоучението е „не гледај во телефон“. Спортивно на ова ние си добиваме чувство дека технологијата ни дозволува да бидеме невнимателни се повеќе.
Во еден друг пример кога се извртев со Meganot на автопат, 300m колата одеше со задниот дел нанапред (завртен за 180 - не баш ама скоро). И имаше 300 м траги од кочење, едноставно ABS -то ништо во тој момент не помогна. Но од друга стрна барем 2 -3 пати активирањето на BAS помошта при кочење ме извлекла од прередување предница.
Затоа заборавете на тоа дали бил или не бил врзан, дали се отвориле аирбегови или не.
Едноставно правете се за вашата безбедност да биде максимална, и надевајте се дека среќата нема да ви го заврти грбот ако нешто тргне на лошо.