токму тоа е проблемот: Jeep е теренско возило. Слично на лада нива, дефендер, бла, бла... Jeep не е SUV! SUV e друго. Сув е кола/моноволуменец со теренски способности, меѓутоа не е „вистинско“ теренско возило. За разлика од теренците, SUV-овите (најчесто) не се на платформа на теренско возило, туку на платформа на најобична кола.
Па затоа, синонимизирањето на SUV-ови со возила од типот на Jeep (теренци) е несоодветно. Хилта, веспа, палома и селотејп не се соодветни еквиваленти на „џип“, кога „џип“ ќе го употребиме за некој SUV.
И октавија scout има добри теренски способности (подобри од многу сув-ови!) па никој не ја вика џип.
Значи:
- дефендер, лада нива и чироки се „џипови“! Тие се замислени како офроуд возила и плус се снаоѓаат колку-толку на мазен асфалт (у принцип не се многу добри на асфалт и мора многу да се внимава при возењето)
- Туарег, кајен, дастер и CR-V не се „џипови“! тие само визуелно личат на „џипови“ и се снаоѓаат колку-толку и офроуд. (у принцип не се многу добри офроуд и мора многу да се внимава при возењето)