Во принцип СЕКОЈ може да вози пијан доколку при возењето не налета на неочекувана ситуација. Ако е све у реду, ќе си стигне таков пијан дома и никому ништо. Просто ќе го гаѓа патот со воланот и тоа е тоа.
Проблемот со возење пијан се оние ретки ненадејни, неочекувани ситуации, каде што е потребна молневита рефлексна реакција. А времето на реагирање кога си пијан е објективно продолжено, без оглед кој како се осеќа и што мисли.
Периферната визија е значајно скратена. Координацијата око-екстремитети не е толку добра како кај трезен човек. Па така, во неочекувана ситуација трезен човек може за влакно да се спаси, а пијан не.
ЗАТОА не се вози пијан*. ЗАТОА е казниво. Не затоа што не можеш да го погодиш патот кога си пијан. Можеш. Туку затоа што нема да се снајдеш во неочекувана ситуација, а таква може да ти се деси било кога и било каде.
--
*) не само пијан од алкохол, туку онаден на кој било начин. Речиси сите психотропни супстанции, а алкохолот е една од нив, ги дразнат допаминските рецептори и со тоа ја сјебуваат периферната визија и времето на реакција.