Лелеле муабетите на Фиц, Дени и Игор... абе мрднати сте, се пресмеав

Него, за сообраќајкава не ми е јасно у колку саат се случила, на една страна пишуе окоу полноќ, на друга у 11 и пол, Рики пишал у 10 и пол била затворена улицата... Што ми е поентата? Ако било после 11(23), како што разбрав и двајцата возачи биле млади, односно околу 18-19 години. Да не се праел типот "фраер" и да си се возел со такси пошто бил пијан, и девојчето кое што, ајде има тато пари ќе плати казна за после 11 или ќе вртиме броеви... да си се возела у такси како госпожа, немало да дојде до ова. Не сакам да бидам сфатен погрешно, греота е што возачот и совозачот на аудито го јаделе ни криви ни дужни, греота е и што возачот на астрата ќе сфати многу работи на најтешкиот начин, ама стварно треба многу внимавање и почитување на закони и прописи. И јас урлав и скокав и викав и пцуев по законот за возач почетник, ама сега и те како го подржувам тој закон иако целосно не го испочитував. Нека оздрават луѓево побрзо, за другото мање битно, коли се купуваат, штетите ќе се покријат.