Возам по Илинденска и стигам до раскрсницата со Ленинова, лабаво си возев 50ина км/х, тивко музиче, лабав муабет у кола...
затоа у принцип не се праи муабет со возачот низ град. возачот треба да ќути, со двете раце на волан и со погледот напред.
кога ќе стигнете кај што сте тргнале, праи муабет колку сакаш.
добро што не те собрал некој (пу пу) и памет за друг пат. Возење не е забанција и фурки со другарите. Возење е управување со тешка машина и си бара дисциплина и одговорност.
У принцип значи у принцип, не по исклучок. А ако некој напише дека правел лабав муабет, не го советуваш дека погрешил затоа што правел лабав муабет, а ти фала богу си мислел на напет муабет за политика или раскинување

Така да се согласувам дека правење тешки муабети кои одвлекуваат премногу внимание не се ок, па ни пешки кога одиш. Али тоа не се у принцип муабети, и нема да му го кажам тоа на некој што си праел муабет за каде да пие кафе и го згазила кола.