Појасот не допринесува за безбедност во сообраќај туку за твоја лична безбедност и за безбедност на луѓето кои се со тебе во кола.
Безбедноста во сообраќај И на лицата кои биле со него во колата он ја загрозил со тоа што возел малку побрзо од потребното во такви услови на патот.
Лицата кои седеле позади и кои имале повреди САМИТЕ си ја загрозиле безбедноста во сообраќајот зашто колку што знам кај нас уште нема закон дека е обавезно да се носи појас позади (а по мене би требало).
Вие што почнавте прво да зборувате како тој за загрозил безбедноста во сообраќајот, погледнете се во огледало и кажете "Јас не загрозувам безбедност во сообраќај"... ќе се излажете.
Светлата за означување на патарини се многу поефикасни отколку знаците, да речеме се напрегал да гледа напред да не се забие во некоја друга кола и не гледал знаци и барал светла кои МОРАААТ да светат и преку ден и преку ноќ. Тие не светеле.
Значи да сумирам: ДА возел малку побрзо од потребното за тие услови, не го одрекувам тоа, НО светла за означување патарина МОРА да има, а тој во таа конкретна ситуација, не толку искусен како вие што возите преку 20 години, го извлекол подоброто од двете зла.