Јас имам другар кој сеуште незнае за што служат брзините на менувачот и на нагорнини незнае со која брзина да ја качува, едноставно нема осет кога да смени во помала брзина. Иде со 4 и гледа колава омалаксува од 80 на 75, па 70, па 65, 60, 55, овој уште 4 тера, пага на 50, тогаш става 3 брзина ама џабе, си го загубил полетот и веке ни со 3 не оди, мораш 2 брзина, а он тера со 3, и брзинава уште омалаксува, на 45, 40, 35 и тогаш става 2 и наместо да натепа гас за да фати убаво залет колава, он стиска гас како за на рамно и пак 3 и пак не му оди колава и што да му правиш.
Јас до сега ништо не сум му коментирал ниту сум му дал совет, вака треба вака не треба, а и не се замарам, кога за некои работи треба самиот да имаш осет