Вие не го разбирате filipv што сака да ви посочи. Точно е тоа дека може и ве напиња во изминативе 15 страни

сепак човекот е во право.
Проблемот е во тоа што останатите членови кои сте влезени во дискусија со него во овие последни 15 страни, не го признавате она што е правилно, туку она што вас ви се врти во глава.
Еве пример како вие сега по малку терате тврдоглавост
Надоагаме на семафор, на 20-тина метра се пали жолто, ПРАВИЛНО Е ДА СЕ СОПРЕ ВОЗИЛОТО, пошто така стои и во законот за безбедност, жолт сигнал значи забрана за минување, освен ако не си во ситуација да го застанеш возилото пред семафорот.
Е сеа, некој на таа ситуација кочи, а некој нагазува на гас и пролетува. И кој е тука во право, кој безбедно постапил, тој што застанал и додека застанувал веке се појавило црвено, или тој што прелетал, и пред да навлезе во раскрсницата веке му се запалило црвено, ама веке навлегол ?
Општата констатација, не моја, во право е тој што застанал.
Не дека ја сум безгрешен, не дека ја не сум поминал на жолто, ама правилното и безбедното е дека треба да застанеш, а не да прелеташ.
Истата ситуација ви е и дискусијата со filipv, човекот ви збори за безбедност, вие си терате по ваши убедувања.
Целта не му е да ви наметне одредено размислување, туку свакање дека нешто што се прави е погрешно, или треба да знаеш дека е погрешно. Никој неможе да ви забрани нешто да не правите, има закон дека на автопат максимална брзина е 120, па некој може цел автопат со 180 да го помине, дури и да го казнат, пак ке продолжи со тоа темпо на возење.
Тоа е тоа, затоа се нервира филип, за нешто што е погрешно, сакате да најдете оправдување дека тоа чини, а прописното нечини