Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3419552 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Леле смотани манијаци. Јас да сум никогаш повеќе нема да ги седнам во тркачка кола

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Интересна дешавка имаше вечерва во аеродром кај новиот парк јане сандански поточно кај зградата(пред веро) во која се наоѓа афродита с и алфа банка. камионче на жито полог, мислам дека беше ивеко, излетување од последна лента на булевар јане сандански, преку 4-5 стубчиња од армиран бетон, преку тревникот, преку дрво, преку пешачката патека, преку металните стубчиња пред алфа банка(3-4 имаше скршено) и среќа успеал некако да сврти за пола метро да не влезе у банката и застана таму. значи стварно не ми е јасно како можел тоа да го направи, среќа е што во тој момент на пешачката патека немало никој а многу луѓе шетаат низ аердром навечер и среќа го промашил паркот за неколку метра пошто и таму има многу луѓе. возачот беше многу пијан и кога успеал да застане, двајцата сопатници од камиончето му рекле сеа шо прајме, овој им рекол мртов ладен(клен пијан) ништо ќе бегаме. какви ненормални луѓе седнуваат зад волан тоа чудо едно. со девојка ми, двајца другари и другарка поминавме баш на местото кај што излетал камионот, 3 минути од кога се случило тоа, да не застаневме претходно на фонтана да пиеме вода и да одевме малку побрзо сме можеле да го јадеме стапот да ни ебе матер некоја пијана будала. епа може вмровциве претераа со казните ама за алкохол и поригорозни треба да бидат казните, ни крив ни дужен да те повреди или не дај боже утепа некоја пијана будала, морее и 1000 евра казна е малку.

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Нај многу ме нервира пијан некој кога ќе вози или кога ќе ми се пофали дека камен пијан возел. Во саботата се враќав од роденден и си возам нај нормално по партизанска накај дома. Пред мостот обединети нации глеам некој ми се лепи позади и викам ај некој “шофер ипол“ е, и се вртам на десно од никаде излезе шоферов... и ме претица со некоја лада и самата не знае како вози. Помина на 10cm или помалку среќа го забележав порано и се тргнав. Пред влајко мостот го поминав и му ја загледав фацата. Дечкото беше толку пијан и издрогиран којзнае што не бил што фацата му беше искривена цела нешто ко ова:

само без употреба на рацете ;D
Ми идеше да му излезам на семафори и да го исплескам ко мало дете >:( >:(
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Мој најдобар другар од детство стално возеше пијан и стално се фалеше со тоа како он тоа го прави без проблем и професионално.
Демек нас ни било страв да возиме пиани а он бил многу храбар и не му било страв.
Тоа траеше негде може и 15 години, се додека еден ден не ми звонеше телефонот во 5 сабајле да ми се јави пријателот од сообраќајна полиција и да ми каже ....Другарти загина со вектрата сабајлево...Заспал и излетај на споредниот пат од Градско за на кај Велес.
Тоа беше пред 4 години.
Уште ми е криво што не земав да го претепам уште тогаш како магаре заради тоа, може немаше да бидеме другари после тоа ама можеби ќе беше жив. Можеби...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Повеќе другари загинале, уште повеќе ги казниле за возење дамла. Трае казната некој недела, после пак исто. Прашање на време е само... Едино што јас се надевам е барем да е полесна сообраќајката, кога сигурно ќе се случи.
Нема абер човече.
А тоа и јас го имам разбрано, дека ептен било фраерски онака дамла да возиш. Најјак фраер си. А и кога не се многу пијани извесни дегени се цепаат ко пореметени.
До душе има и фини, што кога ќе се испоначукаат возат доста одговорно и полека. Возат пијани, ама барем не се цепаат. Помали шанси за некој да ѕвони кај мене во 4 саат сабајле.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
За возење дамла не треба парична казна. Доволно е да се помине 24 часа во станица во келија и да се одземе возачката дозвола трајно!! Потоа повторно полагања, чекања по шалтери, забрана за возење после 11.

Кога ќе има повеќе последици од гупавоста да се вози кола мртов пијан, ќе има и повеќе несакани ситуации за паметење и полесно присетување што ти се случило последниот пат кога си возел под дејство на алкохол или дрога.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
За возење дамла не треба парична казна. Доволно е да се помине 24 часа во станица во келија и да се одземе возачката дозвола трајно!! Потоа повторно полагања, чекања по шалтери, забрана за возење после 11.

Кога ќе има повеќе последици од гупавоста да се вози кола мртов пијан, ќе има и повеќе несакани ситуации за паметење и полесно присетување што ти се случило последниот пат кога си возел под дејство на алкохол или дрога.
Ама законот не е за сите ист, така да тоа и не е така добро решение.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Ама законот не е за сите ист, така да тоа и не е така добро решение.
Од тоа нема бегање.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Па не му даде жмигавец вој пред него...безобразен...хахахахаха...;D ;D

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Дене околу 19:00 пред Народна банка како се плеснале Твинго и Пасат, абе партал се направиле и двете. Не знам што се случило. Има некој инфо околу ова?

Отсутен Schmitt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Never drive faster than your Angels can fly.