Интересна дешавка имаше вечерва во аеродром кај новиот парк јане сандански поточно кај зградата(пред веро) во која се наоѓа афродита с и алфа банка. камионче на жито полог, мислам дека беше ивеко, излетување од последна лента на булевар јане сандански, преку 4-5 стубчиња од армиран бетон, преку тревникот, преку дрво, преку пешачката патека, преку металните стубчиња пред алфа банка(3-4 имаше скршено) и среќа успеал некако да сврти за пола метро да не влезе у банката и застана таму. значи стварно не ми е јасно како можел тоа да го направи, среќа е што во тој момент на пешачката патека немало никој а многу луѓе шетаат низ аердром навечер и среќа го промашил паркот за неколку метра пошто и таму има многу луѓе. возачот беше многу пијан и кога успеал да застане, двајцата сопатници од камиончето му рекле сеа шо прајме, овој им рекол мртов ладен(клен пијан) ништо ќе бегаме. какви ненормални луѓе седнуваат зад волан тоа чудо едно. со девојка ми, двајца другари и другарка поминавме баш на местото кај што излетал камионот, 3 минути од кога се случило тоа, да не застаневме претходно на фонтана да пиеме вода и да одевме малку побрзо сме можеле да го јадеме стапот да ни ебе матер некоја пијана будала. епа може вмровциве претераа со казните ама за алкохол и поригорозни треба да бидат казните, ни крив ни дужен да те повреди или не дај боже утепа некоја пијана будала, морее и 1000 евра казна е малку.