Имам претстава дека кучињата скитници по градов веќе стануваат голема опасност за сообраќајот по улициве.
Пред некое време член од форумов го удрија од позади поради куче скитник. Во вторникот истата ситуација, на бул. Србија излезе куче почаа кочење и настрада една Астра, МЛ ја удри позади.
Вчера седам на тераса, се слушна квичење и паѓање, дечко падна од моторче удирајќи во куче, во К.Вода кај кулите.
Јас стварно сакам животни ама кога само јас имам видено три сообраќајќи за кратко време, колку ли само беља прават тие кучиња низ градов.
Дечково што падна од мотор вчера беше добар, ама некој друг што ке падне поради некое куче може нема да биде така среќен.
Ако на Автопат ти излезе куче, ќе плати нешто Македонија пат, а за низ град што би правеле, дали некој е запознаен?