Па како да не споредувам, кога во скопје неможиш на раат да си возиш...Се пазиш да не те удри некој, а во исто време да не удиш некого, секое излагање мора да платиш паркинг, на секој ќош камери или па незнам што поставени...Вистина е дека во Кичево има 2 семафори и неколку улици, али ваму има прилично редок сообраќај, нема толку многу будаличишта освен неколкуте таксисти, паркинг ваму до сега немам платено, а одам СК и на прв паркинг ми наплаќаат....
па нормално бе брат дека нема во кичево толку густ сообраќај кога пола и повеке од кичево се пресели во скопје... своите коли си ги донесоа во скопје и наместо по низ дома и матичниот град да си возат, они во скопје прават гужва... истото е и со остатокот од македонија... во повекето градови нема сообраќаен метеж од проста причина што пола и повеке се во скопје заминати, освен штип, гевгелија, битола, струга, тетово и гостивар сите други градови со нај малата шанса, повекето во скопје се селат...
немојте да ме разберете погрешно, не кудам ја што доаѓаат во скопје да живеат, секој во потрага по својот правец во животот може да си бира и бара она што сака, сепак демократија е тоа... се обидувам само да ја појаснам ситуацијата во скопје зашто е таква со сообраќајот.. како и со повекето работи... пример е мојава зграда... скоро цела зграда збори на некој дијалект... 3 стана од 45 сме скопјани, другите се дојдени од внатрешноста на македонија...

еве овој период од годината поготово за викенди е вистински рај да си во скопје... улиците се празни кој од каде дошол во скопје за летниов период се вратил “дома“ и скопје останало само на скопјаните од кои половината се заминати по одмори а од остатокот убав дел се во охрид и струга на викенд... СКОПЈЕ Е ПРАЗНО, моеѓ трки да правиш по булеварите, моеш и скара да свртиш сред партизанска... исто и мојава зграда, живо пиле нема, паркинг простор да се тепаш со камења на 100 метра има простор... може форумџиска средба да прајме слободно, ќе не збере сите...

и да не испадне дека мешам политика, ама власта стварно треба да се заангажира да почнат и други работи да се дешаваат низ македонија наместо се да се инвестира само во скопје... да мрдне економијата во другите градови па така скопје нема да биде збиротина од цела македонија... но да не мешаме теми, тоа е друг муабет...