Секогаш нема џандари таму кај што треба, на пример на семафорот мај мавровка.
Па на тој семафор може да се напишат повеќе казни него што хард дисков може да ти запише мегабајти за ист временски период.
Си има две ленти за право и две за лево, е сега јас глупиот си чекам позади 423432та кола (скоро кај саем) и си мрдкам по 10 метра на секое палење на зелено, а паметните од лентава за лево, си продолжуваат право (се бутаат) и се прави гужва. Таа случка постојано се случува и постојано ме нервира, а никогаш немам видено таму џандар да стои и да си застанува коли.