За прв пат ми се деси да ме застане полиција во Скопје, и тоа во центар, и да не ме казнат...Возев брзо, под дејство на алкохол, немав опашано појас и тоа по раскопана улица, од Холидеј Ин накај Скендер бег. После мостот, така некако на 50 во втора ми легна звукот на нога па натепав гас. Во позадина имаше наш изворен патриотски мелос кој дополнително ми создаваше еуфоричност и патриотски чувства. И оп, веднаш по мостот ме сопре полиција. Дечкото беше млад, и ми вика: - Добро вечер. Каде вака, расположен, господине?
Ја му одговарам:
- На ќотек господине, дома.
- Зашто ќотек?
- Па женет сум, а жена ми бар 5 пати ме има барано во последни 15 минути.
- А стално брзо возиш?
- Не, ама колку повеќе ме нема, толку повеќе ќотек ќе јадам.
Се смее, запиша во тефтерчето податоци и ми вика:
- За што да те казниме сега?
- Му викам, за што било. Само дајте ми на писмено за да можам да се оправдам пред жена ми дека сте ме држеле пола саат па затоа не сум кревал.
Овој се гази од смеење и ми ги враќа документите:
- Епа овој пат нема оправдание. Пријатна вечер!
Ја прегледав сообраќајната, глеам нема казна. Му викам, а казната?
- Овој пат е само опомена и нели сопругата ќе ве казнува?
Се смееме и двајцата и си одам дома.