Случка денес:
Бев да го регистрирам аутото. Отидов во сојуз на возачи во Карпош 4. Застанувам со кола пред киосците за осигурување, искача една златна девојчица, абе една згодна средена, грч у гаќи просто ме фати. Господине вака-онака ми среди работа за две минути, полиса и се останато + гратис патничко осигурување за повреда на 5 патници и додека јас свршувам ми бара телефон (happy) и ми ја дава полисата и сообраќајната. Застанувам со кола пред влезот на сојуз на возачи, човекот доаѓа, ја зема колата и вика оди внатре прави документи. Влегувам внатре и пред мене чекаат тројца. На госпожата на шалтер и требаат најмногу 120 секунди да заврши работа со еден клиент. После 4-5 минутно чекање завршувам работа за неполни две минути. Ми дава една уплатница и вика еве овие 110 денари такса треба да ги платиш во пошта или банка, каде повеќе ти одговара. Јас викам: НИКАДЕ! Ни у пошта ни у банка. Викам две минути ми требаат да завршам комотно работа и сега треба да се акам со колава да барам паркинзи, банки, ѓаволи-бесови за да платам мочани 110 денари. Ми прати една шмеќерска насмевка и отидов кај технички преглед. Таму веќе средиле работа, потпишуваат за 30 секунди, даваат уверение, ми даваат клучевите и терам. Плаќам во банка (ТТК банка карши тинексот во карпош4 на самата раскрсница со Партизанска) и се враќам. Госпожата на шалтерот на МВР завршува работа за две минути и чао пријатно.
На пат од таму па накај Гојдо во комшии цепам на илинденска 60 у пета и кај раскрсницата (не таа кај семафорот него таа пред неја) кај Воена болница и еве ти од таму една п*чка во бела Алфа Џулиета ми сече пат. Прикочувам јас, мишелинки врескаат и не ја удирам за 10 сантима. Застанувам до неја на семафорите, отварам прозор и и викам: „Добро ма госпожа, ти нормална си или слепа? Дете возиш на задно седишто овцо смотана“. Типката затвора прозор, ме погледнува онака телешки и вади iPhone4 и си почнува муабет. Јас така ја гледам кога ете ти еден психопат од позади мене истрчува од кола, застанува до колата и почнува да и се дере каква овца глупава, смотана, најглупава на свет е и почува да и ги крши метлиците од бришачите. Оваа ја фаќа паника, гас до даска на црвено. Од таму откај Александар палас залетани Пасат ЦЦ и Астра како на џиџи, закочува пасатов и астрата во него БААААМ!
Јас морав да одам, ама типот што и ги кршеше метлиците рече јас ќе останам пред полиција сведок да бидам.
И така......
Значи кога ќе погледнеш, има добра причина зошто женско не треба да вози туку треба на шалтер да седи и да работи....