До сега сите сте живи, тоа е добро.
Иначе ме потсетија приказните со рено4. Пред 3-4год. со реното на другарот тргнавме накај викендица кај него во стопански двор (после новосело лево) по тоа угорниците нагоре успеавме да се качиме. Е сега за надоле беше лудо и незаборавно: Ај што неможевме да го запалиме, успеавме некако у втора на удолница (реното не вреди ни бензин да му ставиш) и тргнавме надолееее...
...Нормално со тоа чудо полека по тоа дупките зашо отидовме јабана. Ама пошо беше Reno Junk баш на убавите удолници најде да му откажат кочници.
Они откажувале и предходно ама на рамно, ама сега беше интесено. Шоверов после обидот со моторно кочење ми рече само “брат држи се“ и заака у еден ѕид со страницата и почна да се гребе по него... Днг Днг застана некако лименкава, ја блед крпа ги кажав сите молитви шо не ги знам. Фино лепо се јавивме кај МАМА и дојде, ја пречекавме ко шмоклевци седнати на хауба...
Уз пат... Добро бе дај кажете шо е форава со луѓево што се уклучуваат на илинденска ко празна да е?? Цела недела по 2-3 пати дневно поминувам и мора да се најдат неколку да ми излезат без да погледнат и тоа се со некои BMW, Mercedes или некоја слична кола. И нормално фраерско возење спуштено седиштето позади стубот и ништо не глеа па шо сакаш прај свири блендирај трескај се од земја ако сакаш он мора да излезе па ти снаоѓај се како ќе закочиш од 70-80 на 10 за 20ина метри :О