Четириесет и двегодишен возач на камион од Македонија е тешко повреден во сообраќајна несреќа што денеска околу 10 часот се случила на автопатот Белград – Ниш.
Како што јавуваат српските медиуми, Ацо Недев од Кавадарци возел камион со македонски таблички кога кај местото Свилајнца му пукнала гума, по што изгубил контрола над возилото и ја пробил заштитната ограда.
Повредниот камионџија е пренесен во Клиничкиот центар во Крагуевац, каде се наоѓа во тешка здравствена состојба, а левата рака му биле отсечена при несреќата.
“Возачот е во животна опасност, со трауматска ампутација на левата рака“, изјавила за весникот “Блиц“, портпаролката на КЦ Крагуевац Вања Ѓорѓевиќ.
Недев, според информациите на болницата бил донесен во бесознание и веднаш му биле извршена операција.
http://tocka.com.mk/1/67393/makedonec-povreden-vo-soobrakajka-kaj-nis-se-bori-za-zivot