Возач загина на патот Велес – Градско
Жител на Градско се враќал дома, излетал од патот и починал на лице место информираа од СВР Велес.
Николче Џамбазов (21) од населба Градско им подлегнал на повредите и починал рано утрово. Сообраќајката се случила во 3 часот на регионалниот пат Велес – Градско, на местото викано Шарен мост, на еден километар пред населбата.
Управувајќи го автомобилот ,,Голф,, со регистарски таблички ВЕ 877 БК, младиот Џамбазов изгубил контрола удрил во бетонски столб од почетокот на мостот и излетал покрај патот. Повредите кој ги здобил биле фатални, па и покрај тоа што екипата на Итната помош од Велес дошла брзо на местото на настанот, не можела да му помогне.

Екипа на СВР Велес ја истражува сообраќајката по што ќе се знае зошто и како дошло до неа. Жителите на Градско објаснуваат дека на ова место, кое е црна точка од регионалниот пат Велес – Градско, имало повеќе сообраќајки со смртни случаи.
http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=93034F89D553AB4B86E67185ED51B34C