Македонец загина во сообраќајка на Кајманските острови...Триесет и тригодишниот Марјан Младеновски го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на Кајманските острови, јавува “Cayman27.com.ky”, пренесува Нетпрес.
Според тамошните информации, Младеновски починал на самото место на несреќата, а 28-годишниот возач на автомобилот се здобил со потешки повреди и бил пренесен во најблиската болница.
Возачот на автомобилот бил уапсен поради сомневање дека предизвикал смрт со несовесно возење.
Околу 1,20 часот по полноќ на 19-ти април, автомобилот марка “Хонда Цивик“ возел по улицата Вест беј Роуд кога скршнал од лентата и се превртел. И возачот и сопатникот од силниот удар биле исфрлени од возилото.
Инаку, Младеновски работел во луксузниот хотел “Мериот“.
http://tocka.com.mk/1/65282/makedonec-zagina-vo-soobrakajka-na-kajmanskite-ostrovi