Најстрашното нешто досега што ми се има случено со кола беше еден близок судир со канта, на релација Гостивар Тетово...
Се враќав од Македонски Брод, со уште 3-ца во кола, и таман почнав да поминувам еден шлепер, стигнав некаде до половината од камионот, кога излета пластична канта од истиот и падна баш во мојата лента, дали не била прицврстена, неам поим, ама знам дека за тие 2-3 секунди, дур идев накај кантата, оти немаше кочење, возев околу 110, десно од мене шлепер, лево бетонска ограда, стиснав воланот со сета сила, и среќа, празна била пластичната канта, која откако ја удрив одлета на другата страна ...
Откако застанав неколу стотици метри подоле, да ја видам штетата на колата, се изненадив, не успеав да најдам ни гребаница, среќа е и фактот дека Астрата е остра напред, па ја исфрли кантата настрана...
Ми се тресеа нозете едно 5 минути ... Поминав најдобро што можев во таа ситуација ...
Не знам што би се случило да имаше бензин во кантата ...