Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3081952 пати)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Дени што се десило друже ? Каде е ова ? Пиши ако знаеш нешто поише !

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Дени што се десило друже ? Каде е ова ? Пиши ако знаеш нешто поише !
Кај тетово некој се има мавнато во наплатната станица. Бог знае зашто возел толку брзо и не закочил, можда заспал... Чекам да кажат на ТВ причина или нешто, нема. Штознам. Пола саат стоев џандари, пожарна, брза помош... сите трчаа. Ем имаше со кебиња покриено нешто... Ништо на вести.

Бог да не чува-ама чим покриени со кебиња,лошоооо ...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
http://alsat.mk/vesti/zemja/2476519.html
Цитат
Едно повозрасно лице како совозач починало од повреди откако автомобил „форд" со гостиварски регистарски ознаки удрил во бетонските огради на наплатната станица на „Патарина - Гостивар“.

Во моментов трае увидот на истражен судија, јавниот обвинител и крим-техника. Сообраќајот по овој дел на автопатот Гостивар-Тетово се одвива забавено.

Според првичните информации на полицијата, до несреќата дошло околу 16 часот 15 минути, кога возилото, во кое имало четири лица, се движело по автопатот кон Гостивар и од неутрвдени причини удрило во еден од бетонските ѕидови за насочување. Од ударот возилото било целосно оштетено, а оштетена е и една од кабините на патарината.

Индетитетот на починатиот, кој е на возраст од околу 70 години, и на повредените се уште се утврдува, а се претпоставува дека се жители на гостиварското село Калишта.
Каков дебил треба да си за да се фукнеш во бетонската бариера на патарина? Каква услуга му направиле авто-школата и комисијата за полагање на возачки испит на талентов што се фукнал?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
па 70 години имал. Со други зборови леш кој држи волан во рака.
Eве гледајте ја оваа епизода од Саутпарк што одговара на темава, и многу појасно ќе ви стане:
http://www.southparkstudios.com/full-episodes/s07e10-grey-dawn

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Тој шо умрел бил совозач.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Пред 2 дена, се истумба момак од Куманово со bmw m5 ... почнал на лице место ... се шпекулира дека возел околу 160 км на час ...

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Гојдо секоја чест за случкава ептен филмски изгледа како кога главниот лик го собираат со кола,камион,авион и сл. пред да го скршат од мавање откако предходно направил беља :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Хаха, не е филм настанот, не е ни филуван. Кога некој ти го раскажува ова изгледа како филм, ама кога ќе го доживуваш многу е поразлично, поготово тој делот кога многу луѓе трчаа и фрлаа со предмети по мене. После некое време слушавме приказни од ојле-дојле, како улетале двајца рекетари на СДСМ и ги нападнале мирните штрајковачи. А ние ниту сме биле некогаш, ниту сега сме партиски полтрони и активисти. Само се најдовме на погрешно место во погрешно време.

Инаку ако тој настан ти изгледа филмски, да ти раскажам што имам видено и доживеано во војска ќе ме пријавиш за режисер во Холивуд.

Успут, кога се фативте за автомобилските несреќи, ај и јас да споделам два грди моменти:
Пред година или две, едно попладне одам од Центар кај влада накај Аеродром, под стоковна куќа Мост. И наеднаш застана сообраќајот и луѓе почнаа да излегуваат од коли. Излегувам и јас, и што да видам. Еден Сузуки Свифт сплотен во бетонскиот столб помеѓу двете ленти, како што бубачките се лепат на шофершајбна при брзо возење. Вантре имаше дечко, кого луѓето се обидуваа да го извадат но беше залудно. Пошо не бев од корист си заминав. А на враќање по саат-два, имаше полиција, а лентата беше затворена. Дознав дека детето загинало на лице место и имало само 20 години...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Пред 2 дена, се истумба момак од Куманово со bmw m5 ... почнал на лице место ... се шпекулира дека возел околу 160 км на час ...
Веднаш пред Тетово така? Со бордо кола, не се познаваше бемве ли е што ли е. Јас ја видов колата стравно бесе смачкана и распадната во делови. Имаше парчиња од колата и на сред автопатот иако колата беше 20 метри од автопатот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Хаха, не е филм настанот, не е ни филуван. Кога некој ти го раскажува ова изгледа како филм, ама кога ќе го доживуваш многу е поразлично, поготово тој делот кога многу луѓе трчаа и фрлаа со предмети по мене. После некое време слушавме приказни од ојле-дојле, како улетале двајца рекетари на СДСМ и ги нападнале мирните штрајковачи. А ние ниту сме биле некогаш, ниту сега сме партиски полтрони и активисти. Само се најдовме на погрешно место во погрешно време.

Инаку ако тој настан ти изгледа филмски, да ти раскажам што имам видено и доживеано во војска ќе ме пријавиш за режисер во Холивуд.

Успут, кога се фативте за автомобилските несреќи, ај и јас да споделам два грди моменти:
Пред година или две, едно попладне одам од Центар кај влада накај Аеродром, под стоковна куќа Мост. И наеднаш застана сообраќајот и луѓе почнаа да излегуваат од коли. Излегувам и јас, и што да видам. Еден Сузуки Свифт сплотен во бетонскиот столб помеѓу двете ленти, како што бубачките се лепат на шофершајбна при брзо возење. Вантре имаше дечко, кого луѓето се обидуваа да го извадат но беше залудно. Пошо не бев од корист си заминав. А на враќање по саат-два, имаше полиција, а лентата беше затворена. Дознав дека детето загинало на лице место и имало само 20 години...

Перо...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Deni, кажи кој е Перо и шо како се има десено. Баш ме интересира затоа што ме потресе тоа кое го видов.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Deni, кажи кој е Перо и шо како се има десено. Баш ме интересира затоа што ме потресе тоа кое го видов.
Перо беше дете што учеше со мене во основно. Живееше во Центар кај кругче од прилика -Биос. И си ја затера работата после средно не отиде на факултет и си се зафати со работа. И помина време, го унапредиле таму нешто и се почастиле по една две пијачки и тргнаал накај работа. Радосен за новата плата, како и сите нас пред да почнат да казнуваат ко ненормални, си возел брзо под стоковна куќа мост... и нешто се случило, пешак ли, куче ли, крембил во кола ли... не се знае. И он се мавнал. Толку. Докторите го средувале со сааати за да заличи на човек телото за да се јават дома... Секако тој бил мртов уште веднаш. Најголемиот дел од повредите на главата беа, и видов јас.
Има брат помал за среќа и така.

Сите другари и дел од фамилија ми умреле од старост или од сообраќајки, ептен е сериозна работата. Секоја година одам по еднаш, на такви работи. Последен беше Ниџо, пред некој месец. Го знаат мислам повеќето. Злато од дете.

Кога ќе ми текне како сум претицал порано, лелееее да дојдел некој од другата страна. Сега од Охрид све по пропис возење, не повеќе од 30кмч над дозволеното и без налудничави претицања.

П.С. Гојдо да не ти е Ацо кум, со акордот од Хром?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Сабајле едно дерпе со златна боја Хјундаи џип, се лепи се лепи се лепи и тргна да ме претица, али на Првомајска у К. Вода од Општината до семафорите кај салонот на Рено. Ме проаѓа мене, тој пред мене, и со цел памет тргна да го претица и автобусот кој сите нас не кочеше, јес да не беше ни толку спор, 50 возевме. И поради слабата прегледност од автобусот му излетуваат пешаци баш на автобуската паралелно со влезот на Тинексот. Кочи кочи будалава среќа еден дечко со жуто пунто му направи место. Ќе ги испотепаше луѓено бе маме му ебам дрогирано. Се изнервирав уште од сабајле и да не беше бензинов толку скуп кој не го стигнеше и не го измлатев на наредните семафори еве на. 

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Вчера во Велес имаше ептен тешка сообраќајка...како за во град.

Две девојчиња се спуштале од кај болица на кај главна улица ма толку изгледа бргу возеле што не успеале да завртат туку директно право удриле во дрво дебело пола метар и го скинале скроз на пола а и металните паравани поставени околу театарот во изградба беа лом направени. Зад нив има профили што ги држат. Не можев да застанам да сликам...беше грозно....не знам дали се мртви или живи само слушнав на кого е девојчето што возело....