Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3921092 пати)

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
По таа логика, бидејќи луѓево кај нас се слаби возачи, ако имаш нова (особено скапа) кола, имаш право да се паркираш у дијагонала на паркинг и да фатиш 2-3 места, за да не ти ја загребе некој при паркирање, па кој ги е*е, нели?  ;D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Како може да биде оваа логиката иста?

Нема ни И од иста.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Па кога не иде во прилог на нечиј муабет, нема И.

А можеш и ротациско светло да ставиш, подобро предупредување од тоа нема  ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20890
Ја по снег возам со упалени задни магленки.

Ако тоа светло на некој му попречело во сообраќај подобро ич да невози кола, а за време на снег и било какви отежнати услови при возењето смее да се пали и задно за магла или со други зборови појачано позиционо светло, и магленки. Така да ништо не му можат слободно нека си го уклучи.

Претпоставувам дека Cuore збореше за условите наведени кај chlink, и во тој случај е сосема оправдано уклучување на магленки. Јас го правам истото и при претерано силен дожд, баш поради овој момент:
мое е да ги предупредам.

За такво нешто, не треба нити бодови, нити казни, нити бутур... Едноставно, се правиш себеси полесен за приметување, во услови на лошо време и/или намалена видливост.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
@Z128

Абе пријателe мене не ми иде ништо од прилог јас лично не користам низ град ни магленки ни ништо, нити дугачки користам, многу слабо, ама ти викам логикава твоја не е ок. Па сега ти како сакаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
При дожд мислам дека не треба да се уклучуваат задните светла за магла,или предните магленки,пошо видливоста е намалена,па му сметате додатно на возилата...Јас имам одличен вид,ама на дождливо време сум како лиљак  :D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Магленка се користи во магла, или проширено кажано при значително намалена видливост, а тоа не е исто со отежнати услови. Значи конкретно се мисли на намалена видливост, но намалена видливоста е и кога ќе се стемни, па не уклучуваат сите светло за магла само затоа што се стемнило. Магленка  уклучувам при значително намалена видливост (не би знаел да ти кажам колку е тоа во метри), а тоа е отприлика растојанието потребно за кочење на некој што е нешто побрз од дозволеното на патот. На автопат доколку си последен при значително намалена видливост палиш магленка, но ако веќе дојде некој позади тебе, и вози позади тебе, културно е да ја изгасиш доколку тој вози постојано позади тебе. Меѓутоа во град, каде имаш и улично осветлување, и возиш секако со средни светла, потреба од магленка гледам ако видливост е буквално 10 метри.
А ако сакам да го филувам муабетов, трошиш непотребно струја, гориво, загадуваш.. бла бла бла

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Ја по снег возам со упалени задни магленки.

Ако тоа светло на некој му попречело во сообраќај подобро ич да невози кола, а за време на снег и било какви отежнати услови при возењето смее да се пали и задно за магла или со други зборови појачано позиционо светло, и магленки. Така да ништо не му можат слободно нека си го уклучи.

Претпоставувам дека Cuore збореше за условите наведени кај chlink, и во тој случај е сосема оправдано уклучување на магленки. Јас го правам истото и при претерано силен дожд, баш поради овој момент:
мое е да ги предупредам.

За такво нешто, не треба нити бодови, нити казни, нити бутур... Едноставно, се правиш себеси полесен за приметување, во услови на лошо време и/или намалена видливост.

Нормално дека пишувам за отежнати услови. Сабајле бидејќи ми беа замрзнати брисачите слабо бришеа, истураше снег, мала замагленост на прозори и имав потешкотии да го пратам тој пред мене. Инстиктивно ги палам магленките за да му олеснам на тој позади. Камо среќа сабајлево сите да возеа со магленки.


Магленка се користи во магла, или проширено кажано при значително намалена видливост, а тоа не е исто со отежнати услови. Значи конкретно се мисли на намалена видливост, но намалена видливоста е и кога ќе се стемни, па не уклучуваат сите светло за магла само затоа што се стемнило. Магленка  уклучувам при значително намалена видливост (не би знаел да ти кажам колку е тоа во метри), а тоа е отприлика растојанието потребно за кочење на некој што е нешто побрз од дозволеното на патот. На автопат доколку си последен при значително намалена видливост палиш магленка, но ако веќе дојде некој позади тебе, и вози позади тебе, културно е да ја изгасиш доколку тој вози постојано позади тебе. Меѓутоа во град, каде имаш и улично осветлување, и возиш секако со средни светла, потреба од магленка гледам ако видливост е буквално 10 метри.
А ако сакам да го филувам муабетов, трошиш непотребно струја, гориво, загадуваш.. бла бла бла

Навечер при услови на снег видливоста е поголема него ли преку ден посебно насабајле каде што сите фактори кој ги спомнав погоре негативно влијаат.

Но сепак се рабори за инстикт. Никакво курчење.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
  • ? ? ?
Види, мене впечатокот ми е дека кај нас многу често непотребно се уклучуваат магленки, па твојот муабет ме испровоцира да коментирам. Инаку да, треба да се има осет во која ситуација да ги користиш, и да не ги заборавиш  :)


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20890
Види, мене впечатокот ми е дека кај нас многу често непотребно се уклучуваат магленки, па твојот муабет ме испровоцира да коментирам. Инаку да, треба да се има осет во која ситуација да ги користиш, и да не ги заборавиш  :)

Абе кај нас, коа го донесоа законот за возење со светла, сите попаѓаа у несвест, за после тоа низ град да ти возат со сите можни светла запалени :) Нит се тераме, нит се водиме :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55248
  • Махер
Вчера на пример, врнеше снегови и возев со предни магленки (и без средни). Сосема ја разбирам потребата и самозаслепувањето кое доаѓа од средните светла. Само ќе инвестирам во соодветен ксенон за магленки за да бидат многу посилни од сега. А за задни магленки, цело време изгледа како да кочиш и нервира.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34468
  • Таков е животот... јебига
За малце....

http://motika.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=29695:2012-02-13-11-12-17&catid=8:2011-03-26-19-23-19&Itemid=23
Еј стока глупава, 200 вози. Абе јас ваков да го фатам и жив ќе го јадам, парче по парче ќе го кинам стока глупава малоумна

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Вчера на пример, врнеше снегови и возев со предни магленки (и без средни). Сосема ја разбирам потребата и самозаслепувањето кое доаѓа од средните светла. Само ќе инвестирам во соодветен ксенон за магленки за да бидат многу посилни од сега. А за задни магленки, цело време изгледа како да кочиш и нервира.

Мислам дека gOJDO беше со задна магленка упалена во петокот или саботата на излез од Драчево нешто после полноќ па морав да го пројдам да не ми истера очи, а ми беше старв да му свирам ми изгледа на ептен избувлив тип :):)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Не сум бил ниту во петок, ниту во сабота во Драчезбург. А тоа избувлив, такат и се чини затоа што не се знаеме.
Ум шо идит отпосле не јет ум!