Магленка се користи во магла, или проширено кажано при значително намалена видливост, а тоа не е исто со отежнати услови. Значи конкретно се мисли на намалена видливост, но намалена видливоста е и кога ќе се стемни, па не уклучуваат сите светло за магла само затоа што се стемнило. Магленка уклучувам при значително намалена видливост (не би знаел да ти кажам колку е тоа во метри), а тоа е отприлика растојанието потребно за кочење на некој што е нешто побрз од дозволеното на патот. На автопат доколку си последен при значително намалена видливост палиш магленка, но ако веќе дојде некој позади тебе, и вози позади тебе, културно е да ја изгасиш доколку тој вози постојано позади тебе. Меѓутоа во град, каде имаш и улично осветлување, и возиш секако со средни светла, потреба од магленка гледам ако видливост е буквално 10 метри.
А ако сакам да го филувам муабетов, трошиш непотребно струја, гориво, загадуваш.. бла бла бла