Тројца Македонци загинаа во сообраќајката кај Прешево
Тројца македонски држјани смртно настрадаа во тешката сообраќајна несреќа што рано утрово се случи на автопатот Бујановац – Прешево во близина на местото викано Љиљанце.
Несреќата се случила околу шест часот утрово кога дошло до директен судир меѓу камион со грчки регистарски таблички и автомобил “ауди“ со тетовски таблички, велат од полициската управа Врање за Нетпрес.
“Трите лицa кои се наоѓале во ’ауди’-то се настрадани. Возачот на камионот преживеал. Засега нема информации за идентитетот, на тоа се уште се работи“, вели инспектор Драган Стаменковиќ, портпарол на ПУ Врање.
Поради несреќата, патот Врање – Скопје до пред малку беше затворен за сообраќај. Стаменковиќ вели дека пред само половина час успеале да го тргнат камионот од патот.
Судирот меѓу камионот и автомобилот, според првичните неофицијални информации, најверојатно се случил поради лизгавиот пат на тој дел од автопатот. Српските медиуми јавија дека автомобилот од силината на ударот речиси целиот се наоѓал под тешкото товарно возило.
Македонското Министерство за надворешни работи се’ уште нема повеќе информации за случајот и идентитетот на жртвите.