Битолчанец прегази момче - лудо возел по „Партизанска“ туркајќи семафори
20 годишен битолчанец со тешки телесни повреди, фрактура на карлицата, на левата подлактица и надлактица, како и со потрес на мозокот со моментална амнезија, е хоспитализиран во битолската клиничка болница откако ноќеска околу 2 часот по полноќ бил прегазен од патничко моторно возило на улицата „Партизанска“ во Битола.
[Битолчанец прегази момче - лудо возел по „Партизанска“ туркајќи семафори]
Битолската полиција денеска соопшти дека до незгодата дошло откако возилото Сеат Кордоба со скопски регистарски таблички кое го управувал 28 годишниот Пеце Алексовски, жител на Долно Оризари, инаку родум од Прилеп,кон крстосницата меѓу „Партизанска„ и „Тошо Даскало“ со предниот дел удрило во пешакот кој се движел по коловозот од десната страна.
По ударот возилото продолжило да се движи, но по стотина метри излетало на левата страна од коловозот и удрило во столб од семафор, при што го соборил и семафорот. По ова заминал од местото на настанот, но полицијата го пронајде и работи на расветлување на случајот.
Анета Шијакова
06.01.2012, 14:20