Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3958247 пати)

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
    • ibiz.mk
Лудо возат по куманово.
Баш пред некој ден на октомвриска
Од пешачка на велосипедска па на улица низ 2 ленти на друга страна помина
И ниеднаш не погледна назад дали има некој велосипед/автомобил

И често гледам по 2-3ца качени на тротинет
Али родители се највеќе криви.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7818
Детево е син на заменик командирот во Кумановската полиција, не разбрав на кој дел точно, дали сообраќајна полиција, дали униформирани. За греота. Прееска од маалска 90 степени кривина ми излета дете со електричен тротинет, со таква брзина што ми помина во моја лента практично, не можеше прописно да сврти.

Родителиве се ненормални што им даваат тротинети. Другиот проблем се квадовите. Мода стана низ Куманово. И секоја година некој или гине, или останува инвалид од ова. 

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2132
Тротинетиве се голем проблем, мислам дека некој родители не се свесни за тоа дека и со 20-30 на саат да се утепа на некој ивичњак дете ке летне ке се раскости, во врњачка бања за велигденот возрасен дечко беше не виде на пролазот дека има ивичњак така се катапултираше што не стана останаа хитна да чекаат.

Друга работа пола и повеќе ги возат на сред улица тука во маџари навечер поседовно пробуваат на едно да ги возат разно разни глупости прават сега у мода се и појакиве тротинети па со крос кациги на нив и возење на сред лента, кој возел ергеле хиподром знае каков правец е пред некој ден без никакво осветлување тротинети (има тротоар каков и да е не доле на лента е филмот).

Исто друга слика која пред мене ја видов дете му давам до 15 години на точак телефонот во рака и вози, му пага телефонот од раце он да го фати пага од точак право на сред лента среќа немаше коли во дадениот момент ја чекав да се приклучам другиот подалеку беше. И кој ке беше крив ако дојдеше до големата..

Колку и да не е со закон дозволено тука мислам дека со сите лудории крајно време е за камери у кола ко русине да станеме.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Јас од кога пишувам за ова проблематика, место на тротинети е покрај Вардар а не по булевари, а коњ над 25 години качен на тротинет што да очекуваш само беља у живот да ти направи ,тротинет е за дете за нозе да раздвижува.Алармирав и за ова како и за многуте други работи ...
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4627
Другари, само се куцка на тестатура, али а дојде избори го гледаме резултатот. Мнозинството сака да е како што е, другите нека издржат колку можат пред да им дадат телефон на дете, па социјални мрежи и вибери од 7-8 години, електрични тротинети и скутери 50 цм3 на деца од 13-14 години и така натака. Од партијата на власт не треба да се очекува ништо, само на фб се јаки и толку.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6326
Само регистрација/осигурување да стават задолжително како за скутер. Ме заболе лалето ако ми влези некој под тркала, дали 9 годишно дете или 70 годишен, него ќе го боли ко е абдал.
Битно за штетата на колата да сум покриен, а и камера е 100% потребна в кола, баш ради овие работи.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Детево е син на заменик командирот во Кумановската полиција, не разбрав на кој дел точно, дали сообраќајна полиција, дали униформирани. За греота. Прееска од маалска 90 степени кривина ми излета дете со електричен тротинет, со таква брзина што ми помина во моја лента практично, не можеше прописно да сврти.

Родителиве се ненормални што им даваат тротинети. Другиот проблем се квадовите. Мода стана низ Куманово. И секоја година некој или гине, или останува инвалид од ова.

Нема врска кој на кого е и што е, секој живот е важен и драгоцен. Жив човек е жив човек, без разлика дали е дете на командир, шофер, доктор или било кој друг. Последиците кога ќе се случи несреќа ги трпат сите, а најмногу родителите.

Ниту имаме инфраструктура за такви тротинети, ниту ред и контрола. Јас знам дека тротинет е за мало дете, до 5-6 години, кога педијатри кажуваат што и како за развој. Не разбирам тинејџери и возрасни луѓе качени на тротинети и да јуришат ненормално низ град. А од човек што здраворазумски се качува на тротинет и вози без осет и правила, што можеш да очекуваш? сведок повеќе пати каде возрасни луѓе страшни бељи ке направеа ситуација у капиштец на гологанов со рузвелтова таков кармбол направи да тоа неможе ни да се исценира и побегна со тротиент,на правда божја куќа ке затвворат на човек да скапува по судови и затвори затоа што будала качена на тротиент говедо,говедо ако има експресија да искажува сексуална ориентација има други начини не е тротиенет!!

На крај, кога ќе се случи трагедија, сите се чудат, а проблемот одамна е пред очи.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30675
    • CARclub.mk
Тротинет (исто како кола, моторцикл или точак) е онолку безбеден колку што ќе одлучиш да биде. Ако го возиш внимателно, предвидливо и каде и како што треба, шансите да ти се случи нешто се многу мали.

Е сега... Секојдневно ги гледаме идиотите кои возат идиотски. Редовно гледам по двајца на тротинет. Редовно гледам како зборат на телефон на тротинет и или со едната рака го држат тротинетот и се крајно нестабилни, или со рамо го држат телефонот, главата накривена, и тафтаат на телефон. И се крајно нестабилни. Ако ги забележам, со шииииииирок лак ги заобиколувам.

Плус, ме фаќа малку језа од деца на моторчиња. Возат скутерчиња без ретровизори, со кацига натакната на глава, над очи му стои. И само се вртат наназад да видат да не има некој околу нив. Па стави ретровизори, мамуму. Еден така вртејќи се наназад ќе се збрцаше во кола пред некој ден. Да не праам муабет дека зборат на телефон додека возат.

Во Скопје се проблем и доставувачите на храна на точаци и скутери. Сечат булевари, се исклучуваат лево преку пешачки премин, летаат на црвено...

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5452
  • Пиши лаже
Пред неполн месец, возам вечерта околу 22ч по задната уличката кај Поликлиника Чаир. Возам 50 и паралелно со мене гледам високо светло, тротинетот лабаво си цепеше 50+...

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
    • ibiz.mk
Лудо се вози, лудоооооо

Кој знае сс коју брзину е возија сс мотор па такој да излети

https://skopje1.mk/voznemiruvacko-video-19-godisen-motordzija-zagina-po-teska-soobrakjajna-nesrekja-vo-skopje

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1449
Пред неполн месец, возам вечерта околу 22ч по задната уличката кај Поликлиника Чаир. Возам 50 и паралелно со мене гледам високо светло, тротинетот лабаво си цепеше 50+...

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
исто кај реплек пред мостот колона коли возиме 40, јас последен го глеам во ретровизор викам аман бе 40 ли иде тротинетот шо и тоа е многу, туку како му се исправи цела колона не помина

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7701
  • French diamond
Лудо се вози, лудоооооо

Кој знае сс коју брзину е возија сс мотор па такој да излети

https://skopje1.mk/voznemiruvacko-video-19-godisen-motordzija-zagina-po-teska-soobrakjajna-nesrekja-vo-skopje

Да не е ќор овај со колата, моторот не беше ни далеку од него, а овај токмако му сечи пат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Моторџијата не возеше брзо ама изгледа како и да не гледаше напред, воопшто не кочеше, веројатно немаше ни време. Од друга страна возачот на колата како типичен македонец со изгаснат мозок, прво врти лево па размислува дали ќе има последици. Иако моторот можеби и со долги светла возеше па му попречи да процени, сепак виновен е затоа што моторот имаше предност на кривината. Очите се примарно за гледање а не за спиење.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7818
Oва е и дел од проблемот со возење на мотор. Што имаш луѓе што ке ти пресечат пат на ваков начин. И тука веќе е огромен проблем, затоа што немаш никаква заштита. Или инвалид, или смрт.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8286
  • Плинаш!!!
Пред неполн месец, возам вечерта околу 22ч по задната уличката кај Поликлиника Чаир. Возам 50 и паралелно со мене гледам високо светло, тротинетот лабаво си цепеше 50+...

Sent from my SM-S938B using Tapatalk
исто кај реплек пред мостот колона коли возиме 40, јас последен го глеам во ретровизор викам аман бе 40 ли иде тротинетот шо и тоа е многу, туку како му се исправи цела колона не помина
Има тротинети и до 150км/ч што одат, така да нека не те чуди.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk