Тротинет (исто како кола, моторцикл или точак) е онолку безбеден колку што ќе одлучиш да биде. Ако го возиш внимателно, предвидливо и каде и како што треба, шансите да ти се случи нешто се многу мали.
Е сега... Секојдневно ги гледаме идиотите кои возат идиотски. Редовно гледам по двајца на тротинет. Редовно гледам како зборат на телефон на тротинет и или со едната рака го држат тротинетот и се крајно нестабилни, или со рамо го држат телефонот, главата накривена, и тафтаат на телефон. И се крајно нестабилни. Ако ги забележам, со шииииииирок лак ги заобиколувам.
Плус, ме фаќа малку језа од деца на моторчиња. Возат скутерчиња без ретровизори, со кацига натакната на глава, над очи му стои. И само се вртат наназад да видат да не има некој околу нив. Па стави ретровизори, мамуму. Еден така вртејќи се наназад ќе се збрцаше во кола пред некој ден. Да не праам муабет дека зборат на телефон додека возат.
Во Скопје се проблем и доставувачите на храна на точаци и скутери. Сечат булевари, се исклучуваат лево преку пешачки премин, летаат на црвено...