Свеж пример ќе дадам – на жена ми најдобра другарка е во Алмати, на некој проект работи сериозен за аеродромот. Вели: алкохол е забранет, зеро 0. Ако те фатат – депортација. Со возење значи никој не вози ни чашка, ни да помириса алкохол и да седне зад волан. Прекршоци – зеро 0. Дали е црвено светло, дали е паркирање – 0. Значи ред има. Биди кој сакаш, биди амбасадор, биди Доналд Трамп – одиш дома за било кој прекршок. Значи одма леташ дома, депорт, одма крај на приказна. Закони постојат, се почитуваат и нема прекршоци, нема дивеење, нема ништо од тоа. Тоа не се ни збори тоа се гледа и почитува.Во секој главен град има гужви секаде но има и ред во тие гужви регулурани.
Толку е, 21 век, 2026 година – а ние збориме „дрифтала и дивеела по град“. Ало луѓе, да има закон и полиција! А секој ден тоа го гледаме со мотори – што се прави? Кој нормален тоа прави со мотор, објасни ми? Кој нормален урла со мотор, да развие 200–300 метри со 200 на сат и да кочи хаос?А тек со аута што се се прави еве примери и ова е само дел од нешто бог знае тоа што не гледаме што се дешава.
Не е само во Скопје хаос, туку и ментална сообраќајна култура е низ цела Македонија, каде е башибозлук невиден. Кога немаш закон – немаш ни ред. Саркастично ќе звучи: „Што сакам ќе правам, нема казна.“ Е затоа сме тука кај што сме.“
Без оглед на години кога ке седнеш зад волан одговорен си и за себе и за сите други.Емисии,тв,портали со жута штампа ги извадила гаките, една убава едуктивна емисија билборд нема за сообраќајна култура народ гине како на трака во мкд ,човечки живот апсолутно ништо не вреди, зошто тоа е така кај нас? затоа што системот тој кој го води и тој не знае каде води.Да ве вода однесе!!